Емитер 7-8/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овде прикажаните хибридни засилувачи се предвидени за мали моќности (за слушалки и мали звучници), па нивните предности не можат докрај да дојдат до израз. Имено за ваква намена доволно квалитетна, а воедно и поедноставна е конструкцијата на засилувач во интегрирана техника. Меѓутоа во одредени ситуации овие засилувачи можат да бидат корисни. На пример во ситуации кога ви е потребен засилувач за слушалки или за мал звучник кој ќе биде квалитетен и изработен со стандардни елементи што веќе ги поседувате или пак лесно и евтино можат да се набават. Исто така овие засилувачи можат да послужат како добар пример на кој ќе ја совладате теоријата и практиката при градба на хибридни засилувачи. Во овој напис одлучивме да ви прикажеме две изведби на хибридни засилувачи за мали моќности – хибриден засилувач во класа B и хибриден засилувач во класа AB
Аудио засилувачите изработени во дискретна техника обично имаат подобар квалитет од оние кои се изработени во интегрирана техника кои, пак, имаат поедноставна конструкција и пониска цена. Денес постојат и интегрирани кола засилувачи на моќност со доста добар квалитет, меѓутоа нивната цена не е толку ниска, ова особено се однесува за засилувачи со поголема моќност.

Од претходно кажаното јасно произлегува потребата за конструкција на засилувачи на моќност во хибридна техника. Кај овие засилувачи побудниот степен е во интегрирана техника, а излезниот степен во дискретна техника. На овој начин се обединуваат добрите особини и на двата типа засилувачи поради што хибридните засилувачи се одликуваат со доволно добар квалитет, ниска цена и едноставна конструкција. Предностите на хибридните засилувачи повеќе доаѓаат до израз кај засилувачи со поголема моќност.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.