Рубрика: Аудио и видеотехника
Тјунер
Автор: Александар Илијевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тјунерот, без сомнение претставува еден од најпопуларните аудио уреди за репродукција на звукот. Аудиофилската вредност на тјунерот не лежи во неговата способност за висококвалитетна репродукција, дури ни во случај кога се работи за најдобар примерок од овој вид и кога тој работи во најповолен режим на работа. Причината поради која тој е веројатно најкористениот извор на звук во аудио составот претставува фактот што тој овозможува бесплатен влез во најбогатите фонотеки и најрепрезентативните концертни сали во светот. Поради тоа тјунерот и покрај своите скромни технички можности со кои одвај го остварува обичниот hi-fi статус, претставува незаменлив дел од секој аудио систем и компонента која постојано се унапредува.

Аналоген тјунер CT 1120 Stereo Tuner (горе)

За разлика од другите извори на звук во аудио системот кои што треба да се хранат со пластични или магнетни носачи на звук со запишани музички информации, тјунерот нема таква потреба односно, тој своите информации ги добива од "воздухот" – од радиобрановите кои патуваат низ просторот со брзина на светлината, притоа удирајќи во најразлични препреки и испреплетувајќи се со стотици други сигнали емитирани од радио станиците. Сето тоа го отежнува пробивот на сигналот до антената на тјунерот и го нарушува неговиот изворен облик.

Во овој напис ќе зборуваме за тоа како всуност работи тјунерот како уред, на кои карактеристики треба да обрнеме внимание при набавка на нов тјунер, како и за разликата помеѓу аналогните и дигиталните приемници, односно за предностите и недостатоците на секоја од овие две технологии.

Дигитален тјунер SONY S770ES

Тјунерот е уред кој ги прима електромагнетните бранови, од нив го издвојува корисниот сигнал и со подобар или полош квалитет, добиваме соодветна аудио информација. Каков ќе биде нејзиниот квалитет зависи од тјунерот, неговата антена, нејзината местоположба, конфигурацијата на теренот и конечно стигнуваме и до изворот на сигналот – радио станицата. Сосема е беспредметно да го разгледуваме тјунерот, неговите параметри, добри и лоши страни, ако од изворот не добиваме сигнал со висок квалитет. Радио станицата (треба да) е професионална институција и како таква за техничкиот квалитет на емитуваниот сигнал не треба да стане збор т.е. се подразбира дека тој (треба да) ги исполува највисоките стандарди за квалитет, како нискофреквентниот (аудио) дел, така и високофреквентниот (предавателениот) дел. За жал, кај нас катастрофално лошиот квалитет на емитуваниот сигнал во етерот повеќе е правило отколку исклучок. Така тјунерот од уред со скромни аудиофилски можности во однос на другите аудио конпоненти, преминува во уред супериорен во однос на квалитетот на сигналот со кој се храни. Од тука се наметнува прашањето дали има смисла вложување во висококвалитетен и скап приемник?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.