Емитер 12/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сигнал трасер-инјекторот е еден многу едноставен инструмент кој се користи за брзо и едноставно откривање на дефектите. Овој сигнал трасер-инјектор може да се користи само за испитување на нискофреквентни уреди. Ова ограничување доаѓа од таму што многу високите и најниските фреквенции не се во чујното подрачје на човекот.
Овој инструмент представува мал сигнал-генератор и мал засилувач. Во овој случај сигнал-генераторот се нарекува сигнал-инјектор, а засилувачот сигнал-трасер. Со сигнал инјекторот се вметнува сигнал на дадена точка во испитуваниот уред, а со сигнал трасерот се следи сигналот од неговиот влез до неговиот излез.
Сигнал трасерот, односно засилувачот од инструментот, всушност го засилува сигналот кој се наоѓа на местото на испитуваната точка. Уредот се испитува на тој начин што најпрвин се испитува сигналот кој влегува во него и потоа се споредува со сигналот во наредниот степен од уредот. Ако се забележи дека сигналот го нема или пак е изобличен јасно е дека на тоа место има некаков проблем. Ако пак сигналот е добар тогаш се продолжува сè додека не се пронајде местото каде сигналот не е во ред.
За разлика од сигнал-трасерот, сигнал-инјекторот се користи за малку по ограничени услови. Односно тој може да се користи кај уреди кои се на крајот од обработката на сигналот, тој се засилува и репродуцира преку звучник. Испитувањето на уредот е по обратна насока од сигнал-трасерот, односно уредот се испитува од неговиот излез до неговиот влез.
Уредот се изработува на плочка со печатено коло која може да ја најдете на страниците од овој број на ЕМИТЕР. За сместување на инструментот ја искористивме кутијата од стар транзисторски радиоприемник на којшто се наоѓаат сите команди. Препорачливо е целата внатрешност на кутијата да биде облепена со алуминиумска фолија која треба да биде поврзана со масата на инструментот. Со тоа во голема мерка се намалуваат пречките кои може да се појават од околината.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.