Рубрика: Биологија
Транзиција на рибите во копнени животни
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Според еволуциската биологија, копнените четириножни 'рбетници еволуирале од риби. Но, како при тоа перките кај рибите се преобразиле во екстремитети кај копнените животни?

Животот на Земјата започнал во вода и во даден момент се преселил и на копното, па според тоа сите копнени 'рбетници потекнуваат од исконските риби. Ова произлегува од палеонтолошките наоди, кои прецизно го покажуваат редоследот на појава на поединечните видови животни. Од друга страна истото го покажува и науката ембиологија, која утврдила дека ембрионите на сите копнени 'рбетници, па и на човекот, во почетниот период се идентични со ембрионите на рибите! За тоа како животот од водата се преселил на копното, биолозите - еволуционисти составиле сценарио. Според тоа сценарио, пред околу 365 милиони год., во доцниот период на девонијан, риболиките животни од плитките води започнале да излегуваат на копното со помош на краци со осум прсти, кои еволуирале од перките на рибите. Во подоцнежниот период, бројот на прстите беше редуциран на максимум пет за секој екстремитет. Ова сценарио има поткрепа од палеонтолошкиот наод на суштеството наречено Tictalic rozeae, всушност суштество кое по својата структура припаѓа некаде на средината помеѓу риба и 4-ножно копнено суштество (ЕМИТЕР бр.11/06 "Откриен фосил на животно во транзиција помеѓу риба и копнен 'рбетник). Но, како перките кај рибите се преобразиле во екстремитети кај четириножните копнени 'рбетници? Според генетичарите, првиот чекор во таа насока можеби бил губитокот на гените кои управуваат со развој на перките кај рибите. Со загубата на тие гени, предците на четириношците ја загубиле супстанцијата т.н. "actinotrichia",всушност суровина за градба на структурата од коскени влакна, која служи како потпирач во развојот на перките. Овој губиток можеби е клучот за објаснување како од рибите се развиле четириножните 'рбетници.

Клучни зборови:

Уметничка визија за изгледот на тикталик

Уметнички приказ на животниот циклус на тикталик

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.