Рубрика: Аудио и видеотехника
Звукот на Hi-Fi уредите (1)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој текст на читателите на ЕМИТЕР ќе им ја откријам вистината за некои длабоко вкоренети заблуди во врска со звукот кој го даваат Hi-Fi уредите. Сите податоци кои ќе ги изнесам се научно докажани факти, а понекаде има и некои мои размислувања (кои слободно можете да ги прифатите како научни факти). Популарните Hi-Fi списанија се преполни со тестови на разни Hi-Fi (се чита Хај-Фај) уреди, кабли, стативи за звучници, масички за уреди и слично. Се разбира, во тестовите сите тие уреди различно звучат; се прават топ листи на најдобрите уреди и се избираат победниците. Нема ништо чудно во тоа, бидејќи целта на постоењето на Hi-Fi списанијата е да ја најдат разликата и таму каде ја нема, за да може да продадат што повеќе примероци од нивното "многу критички настроено" списание. Искрено одговорете – дали воопшто би купувале некое Hi-Fi списание ако таму пишува дека исто звучат 95% од сите тестирани засилувачи? Што е најинтересно, овој податок е научно, статистички и практично докажан – на општ ужас на сите излажани купувачи.

Единствениот начин да се утврди звукот на Hi-Fi на уредите е двојно слепиот тест (double blind test), а тој многу ретко се користи во Hi-Fi списанијата. А таму каде што тој делумно се користи (на пример во британското списание Hi-Fi Choice), секогаш недостасува статистичката анализа на резултатите. Резултатите од тестовите се потполно невалидни, ако не е извршена статистичка анализа. На читателите им препорачувам прво да го прочитаат текстот на страна 23 од минатиот број на ЕМИТЕР ("Тест: JAMO subwoofers"), каде е опишан двојно слепиот тест за звучници. На сличен начин се изведуваат тестовите и за другите уреди. За да не излезе дека премногу ги напаѓам Hi-Fi списанијата, во некои од нив има навистина интересни истражувања и тестирања, каде е применета научната методологија. Резултатите од научните испитувања не се објавуваат само во високостручните и специјализирани научни списанија, туку повремено и во популарните списанија за Hi-Fi и електроника (и во ЕМИТЕР).

Целиот напис "Звукот на Hi-Fi уредите (1)" може да го прочитате во изданието ЕМИТЕР 2/1997

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.