Рубрика: Електроника
VU-метри во дискретна техника
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од многуте инструменти кои се користат во мерната техника многу често се спомнува и овој доста корисен но воедно многу едноставен инструмент. Се среќава во уредите за домашна употреба како што се касетните декови, засилувачите и многу други уреди кои се користат за озвучување на домовите, во дискотеките и др. Неговата изведба може да биде различна и зависи од потребите и можностите за изработка.
Главната улога на овој инструмент е да ни покаже колкаво е нивото на сигналот кој се мери, но најчесто се користи за да имаме визуелна контрола за оптеретувањето на засилувачот и звучниците. VU-метарот се користи исклучиво за мерење на наизменични сигнали, посебно за мерење на не периодични сигнали како што се звучните сигнали. Тоа го кажува и неговото име VU [volume unit]-meter, односно мерач на средната вредност на сигналот. Оваа одлика се должи на неговата инертност, односно спорост во реагирањето на сигналите кои доаѓаат.

Може да се изведе со користење на инструмент со вртлив калем или со LED диоди кои ни го покажуваат мереното ниво. Во овој текст се прикажани двете изведби кои се разликуваат по некои нивни карактеристики. Едната е изведбата со LED диоди која на влезот има мал засилувач што овозможува мерење на послаби сигнали, а втората втората изведба на VU-метар е со користење на инструмент со вртлив калем кој можеме да го најдеме во некој стар радио уред или да го набавиме во некоја продавница за електронски делови.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.