Рубрика: Електроника
Дигитална аудио миксета
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Оваа аудио миксета по своето решение отстапува од другите конвенционални миксети. Наместо вообичаените електронски кола кои ги содржат класичните аудио миксети (кола за прилагодување, потенциометри како аналогни атенуатори, збирен засилувач и излезен засилувач) , овој тип на аудио миксета содржи осцилатор кој наизменично ги комутира влезните сигнали во точно одредени временски интервали, поточно во некој претходно одбран сооднос.

Предностите на овој тип на аудио миксета над конвенционалните се: 1. Регулација на миксањето со “дигитален потенциоматар”, т.е. потенциометарот не учествува директно во атенуацијата на сигналот и може да биде произволно далеку од основната плоча, не внесувајќи шум и брум во корисниот аудио сигнал затоа што аудио сигналот не тече низ самиот потенциометар. 2. Миксањето се одвива со еден, а не со два потенциометри кои се придвижуваат консеквентно еден по друг, еден се подига, друг се спушта, учествувајќи во регулацијата. 3. Придвижувањето на потенциометарот, без разлика на неговиот квалитет, не генерира шум и “крцкање” во сигналот, додека тоа не е случај со другиот тип на миксета кој бара квалитетни потенциометри. 4. Намалено преслушување на каналите. 5. Подобар однос сигнал/шум. 6. Континуирано мешање на двата сигнали во сакан сооднос, благодарејќи на регулацијата со еден потенциометар и линеарната зависност на вредноста на отпорот на потенциометарот во однос на степенот на мешање, условен преку соодносот импулс-пауза (duty cycle). (Многу е потешко да се обезбеди континуитетот на миксање со манипулација на два потенциометри кои најчесто се логаритамски.)

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.