Рубрика: На граница на науката
Мистерии на науката: Радиестезија
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Човек кој со чатал или висок во рака шета наоколу јасно асоцира на радиестезист. Подземни биопатогени зрачења, зрачење од подземни води, наоѓање вода, наоѓање руди и благородни метали, ... сето ова радиестезистите наводно го детектираат без мака. Навидум се е јасно, но објаснувањето за ова е малку посложено отколку што изгледа на прв поглед, како што ќе се уверите малку подолу.

Стојмир Симјаноски: ....За радиоестезијата во енциклопедиите нема речиси ништо повеќе, освен она дека "радиоестезијата е способност човекот да ги чувствува зрачењата што ги емитуваат различни тела", но пишува и дека "постои сомневање во постоењето на таквите способности" и дека "радиоестезист е човек на кому се припишува способност со помош на дрвени чатали или друг прибор да открива подземни води, руди и слично"... Како и да е, во основата на радиоестезијата е мислењето дека секое тело можело да стапи во резонанција со други тела доколку и тие произведувале вибрации...

Владимир Филевски: ...Радиестезијата е псевдонаука со која несовесни измамници (радиестезисти) цедат пари од наивните жртви! Науката со практично изведените експерименти беспоговорно докажа дека сите тврдења на радиестезистите се свесна лага или несвесно самозалажување, без ниеден исклучок!... Притоа радиестезистите, за да внесат забуна, ги користат изразите "зрачење" и "космичко зрачење" во сосема поинакво значење од она што го имаат овие изрази во науката - тоа е вообичаена подла тактика што ја применуваат псевдонауките...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.