Рубрика: Информатика
VIA QuadCore Nano CPU
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


VIA Tehnologies Inc. повторно се враќа на пазарот на процесори, овојпат во полето кое популарно е наречено најштедливи x86 процесори. Пред неколку месеци компанијата на пазарот го претстави својот двојадрен Nano процесор, но очигледно плановите на VIA се многу поамбициозни, па така минатиот месец тие го понудија и четиријадрениот (QuadCore Nano) процесор. Всушност не се работи за чист четиријадрен процесор, туку за поставување на 2 двојадрени процесори на една плоча (multi-chip module – MCM). Новиот чип нема да се појави веднаш на пазарот, но во секој случај ќе биде силен конкурент и алтернатива на Интеловиот Atom и Brazos на AMD, кои спаѓаат во иста класа на штедливи процесори.

VIA Tehnologies Inc. не е непозната на пазарот на процесори. Станува збор за тајванска компанија, која главно е позната како производител на чипсетови, мемории и матични плочи за Intel и AMD платформи. Но, приклучувајќи ги кон себе компаниите Cyrix и Centaur, во далечната 1999 година, VIA постепено навлезе во полето на производство на x86 процесори чија главна карактеристика е малата потрошувачка на енергија. Започнувајќи со серијата C - процесори, а потоа и со Isaiah процесорите, VIA започна борба на пазарот каде што е многу тешко да се победи конкуренцијата, особено кога станува збор за гиганти како Intel и AMD. Но, VIA беа сигурни во својата визија, па така Isaiah процесорите постигнаа солиден успех, иако во тој момент конкуренцијата со Intel Atom архитектура го постигнуваше својот зенит.
Со текот на времето и развојот на мултипроцесорските архитектури од страна на конкурентите, инженерите на VIA, или ако сакате на Centaur, следејќи го пазарот кој недвосмислено ги газеше Isaiah процесорите, реагираа соодветно нудејќи ги прво своите двојадрени Nano X2 E серија на процесори, а потоа најавија и понуда на четиријадрени процесори.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина