Рубрика: Електроника
Стробоскопска регулација на претпалењето кај бензинските мотори
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој напис го пишувам како дополнување на претходните написи за електронски палења, поради тоа што за добра работа на моторот е потребно покрај добра искра и “искра во вистински момент”, т.е. соодветен агол на претпалење.

Несоодветно подесениот “агол на претпалење” доведува до зголемена потрошувачка на гориво, намалена моќност на моторот и намален век на моторот. Разгледувајќи разни апликации и идеи со разни претворувачи на напон за работа на “блескалката”, отпаднаа сите скапи решенија со многу делови и специјални трансформатори.
Со опишаниот уред се проверува и работата на центрифугалниот регулатор, а се манифестира како оддалечување на двата маркери еден од друг обратно од правецот на ротирањето на ременицата, пропорционално со бројот на вртежите. Неисправноста на центрифугалниот регулатор резултира со непроменување на растојанието помеѓу двете реперни ознаки.
Улогата и проверката на вакуумскиот регулатор на претпалењето доаѓа до израз само при соодветно оптеретување на моторот.
Овој мерен инструмент, заедно со бројачот на вртежите и мерачот на “аголот на затварање” т. н. dwell - angle овозможува оптимално подесување на работните параметри на моторот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.