Рубрика: Аудио и видеотехника
Малото е убаво
Автор: Блаже Јуруковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Звучниците како дел од еден hi-fi систем претставуваат битен елемент кога е во прашање нивната јачина и квалитет во комбинација со големината и акустичките особини на просторијата во која се слуша музиката. Во многу домови се сретнуваат моќни hi-fi уреди чија снага достигнува до неколку стотини вати без оглед на големината на просторијата во која е сместен. Сето тоа е со цел да се добие што е можно погласна музика притоа не водејќи сметка за нејзината чистина, просторност и графичка убавина. Имено според испитувањата што ги вршат аудио инжињерите многу поголема улога врз чистината на репродуцираниот звук има самиот квалитет на звучникот, распоредот на предметите во собата како и матерјалот од кој се изработени, отколку јачината на звучникот. Од ова би заклучиле дека неадекватната комбинација на силни хи-фи уреди во мали простории доведува само до изобличување на основниот сигнал. Поради тоа при изборот на еден хи-фи систем битно е најнапред да се определи местоположбата и намената, а потоа според карактеристиките и цената да се купи нешто што во целост би ги задоволило нашите барања. Знаејќи ја состојбата и стандардите кај нас во овој текст ќе прикажеме три вида на звучници кои според цената и квалитетот спаѓаат во средна класа на аудио опрема. Иако кај нас се малку познати компаниите како што се: Mordaunt,Celestion и Kef според квалитетот на своите производи високо котираат на странските пазари и завземаат битно место во натпреварите за производ на годината кога се во прашање звучниците.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.