Рубрика: Електроника
МОСФЕТ излезен засилувач на моќност
Автор: Коста Карпузовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


SGS-Thomson во својата нова производна програма воведе производство на монолитно интегрирано коло кое на својот излез може да развие моќност од 70 W без разлика дали оптоварувањето е 8 или 4W, со карактеристичниот целосен внатрешен дизајн во MOSFET технологијата. Високата стабилност како и прекрасниот фреквентен одзив, досега својствен само на засилувачите со електронски цевки, сега се во функција на градењето на домашен hi-fi систем кој може да ги задоволи дури и езотериците.
Само пред десетина години доколку сакавте да изработите квалитетен излезен засилувач тоа секако требаше да го сторите во дискретна техника. Бројот на елементите, кој секако е голем не е пресуден во целата конструкција, а залемувањето на елементите воопшто не е гаранција дека засилувачот ќе работи ,а не да стане збор пак за квалитетот на репродукцијата. Оние кои работеле со дискретни засилувачи на моќност знаат колку е тешко да се доведе засилувачот во правилна работна точка, да се спарат транзисторите, да се постигне сите да работат на иста температура ...

Почетоците на монолитните интегрирани кола за излезни засилувачи се токму кај SGS, со револуционерната идеја, излезните транзистори да останат надвор, вградена во тогаш новиот TDA2030. Секако ова коло е мошне користено и денес за засилувачи со помала моќност. Нов чекор во револуцијата на монолитните излезни засилувачи на моќност е LM3886 од производната програма на National Semiconductors, кој развиваше 60 W на 8Ω и беше state of the art производ на микроелектрониката. Денес приматот повторно го презема SGS со новиот TDA7294 кој развива 70 W R.M.S. на 4 или 8Ω. Новиот монолитен засилувач дава огромен придонес во градбата на системи за озвучување каде од пресудна улога се просторот како и бројот на елементи.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.