Емитер 5/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
NAB (National Association of Broadcasters) е асоцијација на броткастери (радиодифузери) за вести, филм и друга продукција, истражување и ресурси, во која членуваат најголемите индустриски гиганти и организации на бродкастери. Сите што имаат каков било контакт со камери, објективи, видеомиксери, монитори, NLE, софтвери, решенија за складирање на податоци, аудиоконзоли, микрофони и други уреди за продукција и постпродукција, како и опрема за поддршка во создавање на креативно и квалитетно А/В производство, со нетрпение ја очекуваат изложбата на NAB како можност да дознаат што има ново како технологија и дизајн. Ова најголемо светско шоу на ТВ и филмска опрема се одржува во Лас Вегас. Изложбата има цел да ги поврзе на најдобар можен начин производителите и корисниците, но на изложбата се доделуваат и награди. Сигурно ве интересира што имаше ново на NAB2011? Прочитајте го текстов.
NAB не е само изложба за професионална видео и аудиоопрема, туку е и место каде што се одржуваат многу презентации, панел-дискусии, конференции и друго. Тоа е место каде што корисниците гледаат дали производителите произвеле некоја нова алатка или софтвер кој ќе им ја олесни работата, но која во исто време ќе им ја зголеми и креативноста. Производителите пак со внимание го следат секој интерес на пот-рошувачите со цел идната година да ја збогатат својата понуда. Кога сме кај прашањето што дебитираше ново на NAB2011, одговорот е различен бидејќи секој го наоѓа новото од свој аспект и од свој интерес и потреба. И наградите кои се добиваат се поделени по категории. Иако сè уште нема исцрпен и конечен преглед на сето она што се случуваше, еве едно збирно видување на NAB2011 видено со очите на многумина високопрофесионални посетители.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.