Рубрика: Електроника
Quo vadis electronicae? (2)
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како ниедна друга научна дисциплина, електрониката, уште од појавата на првата електронска ламба – Аудионот во 1906 година, бележи неверојатен подем. Токму во предвечерјето на прославата на нејзината стогодишнина – во 2005 година, славеникот за малку ќе го однесевме на смртна постела. Од каде и е таа моќ на електрониката и понатаму да претставува водечка движечка сила во науката? Сила која несебично ги поттикнува другите научни дисциплини на напредок!

Од можни 89 години од минатиот век (1900-1989), 64 години се проведени во непосредна милитаризација или војна. Тоа доведе до неверојатен расцут на науката како никогаш дотогаш во историјата. Електрониката, како дете на 20-тиот век, највеќе извлече полза од "својот" век, односно од војните во него. Телекомуникациите, автоматиката, информатичката технологија и средствата за масовна пропаганда (радиото, а потоа и телевизијата), меѓу останатите беа гранки од електрониката кои директно влијаеја врз осовременувањето на војувањето, и токму заради тоа тие најмногу и се развија!
До 1989 година, тоа беа главните чинители кои го одржуваа Муровиот закон во сила. Со падот на берлинскиот ѕид во таа година, односно со крајот на студената војна, многу научни гранки останаа со куси ракави и доживејаа повеќекратно да се намалат нивните "воени" буџети. Така беше и со електрониката. Дотогаш многу ценетите електронски компоненти со "воени" спецификации (military specifications или скратено – mil.) постепено исчезнаа од пазарот од проста причина што немаше кој да ги купи. Но, набрзо се виде дека Муровиот закон и натаму останува во сила – за разлика од многу други научни дисциплини, електрониката беше способна за самоодржлив развој без помош на воената индустрија.
Зошто и како успеа во тоа? Кои се најновите технологии на кои во иднина ќе се базира електрониката? Ова се темите на написот што следува.

Клучни зборови:

Хибрид на IBM составен од наноцевки и класично CMOS коло изработено со шаблони од полимер.

Транзисторот од графен изработен во Универзитетот на Манчестер е со дебелина од еден атом.

Прв чекор до оптички компјутер: Интеловиот оптички податочен вод.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.