Емитер 3/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Одамна во јавноста кружат некои фотографии кои навидум прикажуваат нешто налик на самостоен, маглив дух кој лебди некаде во просторот, или, во друг случај, јасен ореол или аура околу живите луѓе или растенија. Како се добиени тие фотографии и дали се валиден доказ за постоењето на духот, душата или нешто слично од другата страна на материјалното? Во дебатата во овој број ќе бидат разгледани неколку познати примери.
Стојмир Симјаноски: ...Но, да видиме што вели званичната наука за биоенергиите и аурата. Таа енергијата на духот или аурата, научниците од Московскиот квантен институт во 1975 г. успеале да ја снимат во јако магнетно и со тоа за првпат во историјата на медицината и биофизиката било видено она што сите ние би го нарекле душа. Снимката можеле само кусо време да ја одржат и поради тоа ја нарекле "електробранов фантом"...
Владимир Филевски: ..."Електробрановиот фантом" за прв пат е "пронајден" од страна на Пјотр П. Гарјајев. На сликата од експериментот прикажани се две фотографии снимени лично од Гарјајев. Лево е прикажана апаратурата за снимање (исклучена), со ампула со примерок од ДНК (означен со ДНА), а десно е дадена фотографија на "електробрановиот ДНК фантом", при вклучена апаратура и извор на светлина како екситација. Според моето мислење ова не е никаква слика на некаков “фантом“, туку обична рефлексија на светлото од наведените предмети...
ЗА ФЕЉТОНОТ
Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "resident science DJ" Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.