Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Комбинираните бојлери ја греат водата на два или три начини – на струја и со помош на системот за парно греење и/или од соларни колектори. Во ноќните часови температурата на флуидот од дополнителниот систем е ниска, па може да се случи целосно да ја излади водата во бојлерот. За да не се случи ова потребен е диференцијален термостат и ние ви нудиме таков проект во кој ИК 555 работи како компаратор. За разлика од фабричките диференцијални термостати, кои чинат преку 6000 денари, нашиот е 10 пати поевтин, но својата функција ја извршува подеднакво успешно.
Комбинираните бојлери се бојлери кои санитарната вода можат да ја загреваат на два или три начина. Првиот начин е со електричен грејач како и кај сите класични бојлери. Вториот начин е со користење на топлината на системот за парно греење, а третиот преку соларни панели. Сите комбинирани бојлери имаат приклучок за користење на еден од алтернативните извори на топлина, но постојат бојлери кои истовремено можат да се приклучат на двата. Кога комбинираниот бојлер за загревање на водата ја користи топлината на парното греење, во ноќните часови кога низ системот за парно греење има само циркулација може да се случи парното греење потполно да ја олади водата во бојлерот. За да се елиминира оваа несакана појава, потребен е диференцијален термостат кој ќе го исклучи бојлерот од системот за парно греење кога прирастот на топлинска енергија во бојлерот е негативен. За цена поголема од 6000 денари, на нашиот пазар може да се најде диференцијален термостат наменет за комбинирани бојлери. За многу помалку пари тој може и да се изработи, и тоа со тајмерот 555. Не сум најдобро запознаен со карактеристиките на фабричките диференцијални термостати, но сметам дека и евтината 555-ка во целост може да ги задоволи барањата за оптимално искористување на топлинската енергија на парното греење.
ИК: MC1455P1;
термистори: KTY10;
релеј: 15Vdc
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.