Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Еволуцијата на телевизорите и компјутерските монитори помина низ неколку фази: од крупните и робусни ренесансни катодни цевки, преку барокните цивилизирани тенки и елегантни плазма и LCD екрани, до современите LED екрани. Тука не е крајот, новите технологии одат понатаму, сега во мода се OLED дисплеите направени од органски молекули, кои емитираат жива, природна слика од екранот.
OLED технологијата е следниот чекор во еволуција на PC мониторите и ТВ-екраните, бидејќи целосно се потпира на заднинското осветлување. Бидејќи на патот на светлината директно емитирана од OLED пикселите има само тенок транспарентен филм, кај OLED дисплеите се добива слика со претходно невозможен контраст, поголема сјајност и јачина, живи бои со исклучително широк опсег. Времето на одговор и фреквенцијата на освежување, исто така, значително се зголемуваат и над вредностите на најдобрите LCD монитори – еден OLED монитор би можел теоретски да има време на одговор од околу 0,01 ms и фреквенција на освежување која надминува 1 KHz (1000Hz). Производителите, исто така, експериментираат со повеќе емитирачки слоеви за да ја зголемат сјајноста на OLED екраните, што е возможно согласно со исклучително тенката природа на OLED ќелиите. Крајниот резултат на сите овие работи се слики кои се многу поприродни и поживи од кои било слики произведени со LCD. Ниедна печатена слика или видео снимка не може верно да ги долови овие разлики, но сепак, сликите подолу е доволна за добро да ја долови поентата.
Не само што еден OLED монитор е исклучително тенок и светол, со употребата на заднинското осветлување тој, исто така, штеди големо количество енергија – кога OLED PC мониторите масовно ќе се произведуваат се очекува да бидат 10 пати поефикасни од најдобрите денешни LCD монитори со LED заднинско светло. Бидејќи светлината е емитирана директно од емитирачките слоеви на OLED дисплеите, аглите на гледање се супериорни во однос на кој било LCD дисплеј.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.