Емитер 10/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Да замислиме дека имаме компанија којашто е составена од 100 мрежни уреди, вклучувајќи сервери, печатачи и работни станици, како и сервер на кој е инсталирана апликација за работа со апарат за кредитни картички. Што ќе се случи доколку овој сервер откаже во работна недела? Тогаш ќе биде повикан администраторот за да го отстрани проблемот. Но што доколку овој проблем се случи во петок навечер и не биде забележан сè до наредниот работен ден, т.е. до понеделник? Тоа за компанијата би значело голема загуба, бидејќи целиот викенд не ќе може да се изврши никаква трансакција. Затоа со имплементацијата на апликацијата Nagios, која го користи протоколот SNMP, овие проблеми ќе се елиминираат. Nagios ќе нè информира доколку постои пад на некоја од компонентите, и ќе даде предупредување за можна опасност.
Во денешните комплексни мрежи составени од рутери, свичери и сервери како застрашувачка работа може да звучи мониторирањето на сите тие уреди и не само да се заклучи дека тие се приклучени и активни, туку и да се види дека тие работат оптимално. Транспортот на информациите се остварува со помош на мрежна топологија, која е составена од повеќе мрежни уреди и различни медиуми за пренос на податоци. Беспрекорното работење на овие мрежни уреди е од првостепена важност за транспортот на информациите. Поради тоа, набљудувањето и следењето на овие уреди е од непроценливо значење. Токму затоа, тука се наметнува потребата од апликација која ќе ја надгледува достапноста на комуникациските уреди и, во случај на појава на грешка, ќе врши навремено известување преку SMS или e-mail, па дури и преземање автоматска акција.
Во продолжение на написот, ќе ви ја претставам бесплатната апликација Nagios наменета за системски и мрежен мониторинг како и нејзина практична имплементација на Ubuntu-околина.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.