Емитер 12/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Паметен телефон од Acer;
Таму каде што се раѓаат ѕвездите;
Apple 1 продаден за 213000 долари;
Откривање на аутизмот со акустичка анализа на гласот;
Радиоаматерите вклучени во популаризација на Денот на дрвото;
Дојдете да гледаме филм;
Видеосвичер Sony MVS-8000 3G;
Џебен скенер;
PCI Express 3.0;
Нови монитори од "NEC" за професионалци;
GeForce GTX 460 SE;
Лајвскрајб смартпен;
Acer претстави нов таблет со два екрана;
Големината на Сонцето е непроменлива;
Со наногенератори ќе се напојуваат мали електронски уреди
Лајвскрајб смартпен
Лајвскрајб е "паметно" хемиско пенкало. Во пенкалото е вграден микрофон D/A и A/D конвертор и меморија, така што моливот може да се користи како диктафон. Снимките можат да се преслушаат преку вградениот звучник или преку слушалки, кои се приклучуваат преку стандарден џек од 3,5 mm. На пенкалото има и мал OLED екран преку кој се надгледува статусот на пенкалото. Покрај ова, со пенкалото може да се меморира и текстот кој е напишан со него. Ова е можно само ако се пишува на нотесите кои се набавуваат од произведувачот на пенкалото. На нив е напечатена мрежа од ситни точки, кои се видливи само во инфрацрвена светлина. Корисниците можат да користат и обична хартија на која мрежата од ситни линии се печати на компјутерски печатач преку програмата која се испорачува заедно со пенкалото. Пенкалото го "забележува" текстот преку малата инфрацрвена камера вградена на неговиот врв, а забележувањето почнува кога корисникот ќе покаже на соодветниот симбол нацртан на хартијата. Таа со помош на мрежата од точки го следи движењето на пенкалото по хартијата и така го рекреира напишаното.
Корисникот може да ги поврзе аудиозаписите снимени заедно со пишаниот текст и подоцна да ги репродуцира така што со пенкалото ќе "покаже" на соодветниот текст, било на хартијата на која е тој напишан било на компјутерскиот монитор кога текстот е префрлен во компјутерот. Покрај тоа, пенкалото може да извршува и различни апликации за кои командите се издаваат преку хартија. Една од апликациите која се испорачува со пенкалото е калкулаторот кој работи така што корисникот со пенкалото ќе "покаже" на копчињата на калкулаторот кој е нацртан на хартија, а резултатот се прикажува на екранот на пенкалото. Други апликации можат да се купат преку интернет-страницата на производителот.
Пенкалото на компјутер се поврзува преку USB кабел. Лајвскрајб смартпен се произведува во верзии со меморија од 4 и 8 гигабајти, а се продава по цена од 150 и 200 американски долари, соодветно за двата модела. Повеќе на адресата на производителот: http://www.livescribe.com/en-us/
Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.