Емитер 11/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во минатите продолженија ги обработивме основните концепти и мерења во аудиотехниката потенцирајќи ги основните правила во оваа област. Во ова продолжение ќе ја разгледаме основната мерна опрема која се користи кај неа нагласувајќи ги новите присутни трендови.
Последните 20 години се години на големи промени во мерната техника. Незапирливиот пробив на дигиталната техника не ги поштеди ни мерењата во аудиотехниката, иако таа во својата суштина претставува аналогна појава. Така, до пред десетина години, сè уште се полемизираше за примена на дигитална или аналогна мерна инструментација при одредена мерна постапка, што воопшто веќе не е случај. Дигиталните мерни инструменти победија на сите полиња, па дури и во оние области во кои ни најоптимистички настроените прогнозери не предвидуваа брза промена на состојбите. Тоа е случај во радиотехниката каде што денес со помош на дигитална мерна инструментација мериме и набљудуваме појави со фреквенции од 50GHz и повисоки, односно појави кои траат само 20 ps (20·10-12 секунди) и помалку. Тоа првенствено се должи на ред супериорни мерни карактеристики во однос на аналогните мерни инструменти.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.