Рубрика: Електроника
Логичка сонда
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Секој кој се занимава со дигитална електроника сигурно имал потреба од едноставен инструмент со чија помош ќе може брзо и едноставно да одреди во некоја точка од колото дали има логичка едниница или нула. Многумина со овој проблем се справуваат на тој начин што со волтметар го мерат напонот па после кратко мислење се одлучуваат каква е состојбата на таа точка. Но постои и еден многу едноставен начин за одредување на логичката состојба, а тоа е со користење на инструментот наречен логичка сонда со чија помош на едноставен начин се детектира состојбата на мерното место. Логичката сонда е инструмент кој на излез ни ја дава состојбата на мерната точка преку индикатор кој само дава информација дали има нула или едница без додатно да нè оптоварува колкав е напонот на таа мерна точка. Иако денеска постојат многу пософистицирани инструменти кои детално ја анализираат состојбата на некое мерно место сепак за нашите потреби доволно е само да знаеме каква е состојбата на мерната точка и дали таа состојба е стабилна или има сигнал со одредена фреквенција.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 981003
Печатена плочка: 981002
Печатена плочка: 981003
Печатена плочка: 981002
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.