Емитер 3/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Италијанската компанија RCF, иако произведува и Hi-Fi звучници за домашна употреба, сепак е најпозната по своите многу квалитетни професионални звучници за разглас.
Најмалите звучници од Performer серијата – PFR 121 беа слушно тестирани во реални услови за звучници за разглас: за време на веселиот дочек на Новата 1999та година. За озвучување на две (споени) простории беше употребен само еден пар звучници RCF PFR 121 и еден засилувач со скромни 100W по канал на 8Ω. Постојаното жири за нашите слепи слушни тестови не беше присутно од оправдани причини, така што во овој случај се одлучив за сосема нови членови на жирито.
Жирито составено од гневните комшии беше едногласно во своите оценки: "Музиката е многу гласна, басовите ги тресат нашите подови и прозорци, а високите тонови маваат право во мозок! Звучниците свират како да се во нашите соби! Аман малку потивко!" Сигурен сум дека пообјективни и поискрени оценки не сте прочитале во ниедно друго аудио списание. Но, шегата на страна, да тргнеме со ред...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.