Рубрика: Автомобилска техника
EuroNCAP – дефиниција за сигурност
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сигурно се сеќавате на легендарниот Daimler-Benz од серијата 170, кај нас најпознат како главен службен автомобил (заедно со по некој Citroën и Fiat), на агентите и на некои од "нашите" во партизанските филмови. Првите испитувања на полето на пасивната сигурност на автомобилите се врзуваат токму за него. Каква врска има тој со EuroNCAP? Многу блиска. Педесетина години подоцна, ѕвездата на партизанските (добро де, воените) филмови се претвора во пет, веќе престижни, ѕведички кои ги доделува оваа независна комисија.

Сигурност пред сѐ! Најкусо вака би можело да се дефинира постоењето и задачата на програмата за проценка на нови автомобили, односно EuroNCAP (New Car Assessment Program). Оваа независна комисија на чие чело е претседателот на FIA (Светската автомобилска федерација), Макс Мозли, формирана е од Европската заедница на почетокот на 1997 година. EuroNCAP е една од главните причини поради кои автомобилските гиганти сега се борат за доминација на полето на сигурноста, поим кој до пред неколку години се поврзуваше само за неколку реномирани автомобили.

Безбедноста и сигурноста се едни од најважните фактори при конструирањето на новите автомобили. И купувачите, нив високо ги позиционираат на својата листа на приоритети при изборот на својот нов автомобил. Во последно време, токму како резултат на EuroNCAP тестирањата, податоцитеза перформансите на автомобилот задолжително се проследени и со ѕвездичките добиени од оваа асоцијација како силен маркетиншки адут.

Важно е да се напомене дека автомобилите кои се тестираат се стандардно опремени и се набавуваат од случајно одбрани автосалони. Идентичноста со автомобилите достапни за обичните купувачи е загарантирана. Принципот на тестирање не дозволува специјално подготвени и посебно опремени автомобили. Широката прифатеност на резултатите од EuroNCAP само ја потврдува неутралноста и фер односот при тестирањата.

Во овој напис збориме за историјата на EuroNCAP, за тоа што и како се тестира на EuroNCAP краш-тестовите, даваме преглед на резултатите од последните краш-тестови, и што е најважно, говориме за значењето на резултатите од овие тестови при изборот на нов автомобил.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.