Рубрика: Автомобилска техника
Најбезбедни автомобили во 2022 година
Автор: Томе Скендеровски
Објавено на 24.12.2022 - 14:00

Како што талентот е распределен подеднакво на целата човечка популација и нема особено надарени нации и народи, така и, кога станува збор за безбедноста на автомобилите денеска веќе нема вечни победници. И овој фактор е распределен релативно рамномерно помеѓу производителите на модерните автомобили. Оваа година од првите места се симнаа синонимите за безбедност кај автомобилите, Мерцедес и Волво. Нема вечни победници, конкуренцијата си го прави своето и секој ден на ова поле се приликите менуваат, од што најголем бенефит имаат купувачите на нови автомобили. Па, тое е и смислата на производството и економијата воопшто.

 

Според испитувањата на врвната EuroNCAP, која оваа 2022 година тестирала 60 новитети во автомобилската индустрија, и германскиот ADAC кој направил анализа на резултатите, редоследот е следен:

Најбезбеден автомобил оваа година, по сите параметри, е Тесла Модел S и Модел Y (Tesla Model S и Model Y). Ова се првите две места. На третото место е Лексус RX (Lexus RX). Дури на четвртото место се наоѓа Мерцедес EQE (Mercedes EQE). Петтото и шесттото место му припаднаa на кинескиот Веи Кофи (Wey Coffee) со моделите 01 и 02, а кинеско-германскиот Смарт (Smart) го зазеде седмото место. На осмото место е уште еден кинески автомобил – Нио ЕТ7 (Nio ET7), кој оваа позиција ја дели со Мерцедес C класа (Mercedes C class) и Хjундаи Јоник 6 (Hyndai Ioniq 6).

Меѓу 60 тестирани автомобили, дури 47 добиле максимален број на ѕвездички (четири) што е показател декa безбедноста е на прво место кај скоро сите производителите на автомобили, потоа (како логична последица на претходно кажаното) дека конкуренцијата на овај план е исклучително остра а за тоа е доказ дека со безбедносна оценка од три ѕвездички се закитиле дури 12 модели на автомобили.

Најголемо разочарување е Дачија Џогер (Dacia Jogger) со освоена само една ѕвездичка.

Клучни зборови: