Омнибус

Возило за земја и вода;
EMP-30 проектор од Epson;
Opel Ego Speedster 1,3cdti;
Rotel RA-02;
Denon DVD-2800 Mk II;
Интерфејс конвертори;
Откриена готварска сол во атмосферата на Јо;
Т/А-50 (златен орел);
Subaru Forester трета генерација;
Nvidia GeForce MX/TI series AGPx8;
Танц на Сатурн на ноќното небо;
Intel Pentium 4HT;
Jasc quick view plus 7;
Снимајте CD-а со професионален изглед;


Автомобилска техника

Сторијата за Hummer (Хамер) започнува пред 24 години, кога фирмата AM General во 1979 година, заедно со неколку други кооперанти, го развива повеќенаменското мобилно возило со следното име и презиме: High Mobility Mulipurpose Wheeled Vehicle или HMMWV. За луѓето да не си го кршат јазикот, Американците практично го именуваат како "Хамви". По многубројните, исклучително строги тестови што ги направила американската армија, во 1983 година возилото добива дозвола за сериско производство.


Автомобилска техника

Тешко е да се одговори на тоа прашање. Причината е едноставна: денес, разликата во перформансите меѓу бензинските и дизел-моторите се сè помали, така што не може еднозначно да се каже дека автомобилот би бил со подобри возни карактеростики доколку има бензински мотор, или обратно, ако е со дизел-мотор.


Аеронаутика

Развојот на беспилотните летала почнал за време на Втората светска војна, кога експериментирале сите завојувани страни. САД (USAF)и В. Британија (RAF) активно експериментирале со авиони бомбардери (Б-17, Ланкастер и други), во кои била вградена опрема за наведување од копно или биле наведувани од друг авион. Наспроти сојузниците, во германскиот опитен центар Пенеминде се експериментирало со беспилотни летала со ознака FAU-1 (V-1), кои подоцна биле применети и во борбени дејствија.


Астрономија и астронаутика

Таа е планетата со најмала густина во Сончевиот систем и воедно е најсплесканата. Досега се познати точно 30 нејзини сателити, но најпрепознатлива е по своите прстени, кои прв ги насетил Галилеј. За Сатурн денес знаеме многу, но очекуваме дека мисијата Cassini следната година ќе открие уште неколку негови тајни.


Астрономија и астронаутика

Со внимателно набљудување на ноќното небо, воочуваме една чудесна класа ѕвезди, чиј што сјај повремено се засилува и ослабнува во правилни или неправилни временски интервали, со период најчесто помеѓу 1 до 50 дена. Тие се наречени ѕвезди со променлив сјај.


Аудио и видеотехника

Доколку сè уште не сте купиле некој A/V рисивер или некој засилувач со 5 или повеќе излези, еве една интересна идеја која ќе ви ја збогати звучната слика за сметка на еден или два звучника, а притоа ќе го користите само вашиот постоен стерео засилувач.


Аудио и видеотехника

Иако љубителите на длабоки, гласни и моќни басови можат да употребат два subwoofer-а во својот стерео аудиосистем, скоро секогаш се користи само еден subwoofer, во чија внатрешност најчесто има само еден бас-звучник. Заради тоа, неопходно потребно е на тој еден звучник да се донесе сигнал кој е збир од двата стерео канала.


Електроника

Далечинското управување на дворна или гаражна врата можеби некогаш било луксуз, но со развојот на електрониката, со малку труд и не многу средства, денес лесно може да се направи врата со далечинско управување. Во овој напис ќе биде опишан уредот кој тоа го овозможува.


Електроника

Современата технологија овозможува користење на мноштво електронски компоненти, почнувајќи од дискретните до интегрираните и оние во SMD изведба. Познавањето на најосновните технички карактеристики и на основните практични податоци се од голема важност за успешноста на интервенциите кај дефектираните уреди. Овде ќе бидат задоволени токму таквите потреби.


Електроника

Дали некогаш сте сакале да направите свој сопствен безжичен телефон? И тоа не било каков, туку безжичен телефон преку кој ќе можете да комуницирате од која било точка од вашиот град, па и пошироко, избегнувајќи ги високите сметки од Мобимак? Во овој напис ќе опишеме еден уред кој овозможува пренос на телефонската линија по пат на радиобранови.


Електротехника

Black & Decker е пионер во областа на акумулаторските алатки. Уште од 1961 година постоеле акумулаторски батерии кои можеле да се полнат. Тие биле изработени од Black & Decker. Карактеристично за батериите на Black & Decker е дека тие се независни, овозможуваат голема моќност на машината која ги користи и лесно се пренесуваат.


Информатика

Денес повеќе од јасно е дека оптичкото влакно е преносен медиум на иднината . Неговите главни предности се големиот пропусен опсег, малото слабеење, малиот габарит и малата цена на чинење, а за разлика од бакарните кабли, не пренесува струја, туку светлина, поради што е целосно отпорен на електромагнетна интерференција, појава на искри или пак на корозија, ниту пак има потреба да се заземјува. Но, притоа треба да се знае дека секое оптичко влакно не е исто.


Информатика

Dreamweaver MX од Macromedia, конечно на професионалните web-дизајнери може да им го понуди она што навистина им е потребно. Ова би требало да биде еден вид предупредување кое им го упатувам на почетниците и оние кои со web-дизајн се занимаваат само од хоби, за да не се залетуваат веднаш да го менуваат web builder-от кој го користат. Секако, новите компоненти на Dremaweaver MX "отвораат нови хоризонти" во web-дизајнот, но за работа со него потребни се и предзнаења од оваа област.


Информатика

Ако спакуваниот фајл кој треба да го префрлите на друг компјутер сè уште има повеќе од 1,4 MB - вие имате проблем. Вештиот пријател веднаш ќе ви го препорача WinZip 8.2, но има и други, згодни програмчиња, за оваа намена.


Информатика

Каде и како да се снајдете при Интернет пребарувањата кога итно ви е потребен некој драјвер, подобар пребарувач, помош околу одредени компјутерски поими или наједноставно одговор на некое нерешливо прашање. Па, во овој напис ви претставуваме неколку корисни веб-локации кои ќе може да ви дадат одговор на барем дел од вашите проблеми од овој тип.


Информатика

На нашиот пазар, постојат многу Ink Jet печатачи во боја. Нивниот квалитет и можности можат да излезат во пресрет на барањата на потрошувачот. Но, сепак, кога станува збор за долготрајност на печатениот материјал, квалитетот и неговата отпорност на надворешни влијанија, ласерскиот колор печатач е незаменлив. Цената на ласерските колор печатачи не е висока само за нашите стандарди.


Телекомуникации

Во некои од минатите броеви на ЕМИТЕР пишувавме за основата на сателитската телевизија како и неопходната опрема што треба да се поседува за следење на сателитските ТВ и радио канали.


Телекомуникации

Сименсовиот деловен телефон S55, кој беше претставен на гала вечера во Њујорк, деновиве го забележуваме како најчеста реклама на сите ски-случувања во светот, а еве го и на страниците на ЕМИТЕР.


Макетарство и моделарство

По распадот на Советскиот Сојуз и осамостојувањето на членките на варшавскиот пакт малку познатите воздухоплови од седумдесеттите и осумдесеттите години почнаа сè почесто да бидат врвен интерес како на воздухопловната јавност така и на љубителите на воздухопловното макетарство, кои дотогаш имаа скромна можност за избор помеѓу неколкуте многу експлоатирани и најчесто неточни макети на советските воени воздухоплови.


Математика

Како и секогаш и во овој број на ЕМИТЕР прво ќе се потсетиме на текстовите на задачите што ги поставивме во јануарскиот број, а потоа ги објавуваме и нивните решенија кои што сигурно ги очекувате со љубопитство.


За најмладите

Луѓето се бричат уште од памтивек. Но, дури од пред деведесетина години човекот можел да го фрли веќе употребеното ноже за бричење. Значи: "фрли, по употреба". Такви ножиња се појавија на пазарот за прв пат во декември 1903 година.


За најмладите

Ампер покажа дека галванската струја со своето електродинамичко дејство може да врши работа, а научникот Дејви со помош на галванската струја ги разложувал хемиските соединенија во прости состојки, т.е. вршел електролиза и произведувал топлина и светлина. На полето на електрицитетот се дошло до сознанија дека електричната енергија може да се претвора не само во работа туку и во топлина, светлина и хемиска енергија.


За најмладите

Од мразот пука и челикот, јајцата се тврди како билијардски топки, а млекото се продава на килограм, во форма на цигла!


За најмладите

Иако дочекот на новата година веќе поодамна помина и времето на делење на календари заедно со него, за сите оние кои сепак останале без автентичен и невообичаен календарски "трофеј", ЕМИТЕР им предлага нешто ново - календар октаедар кои самите ќе си го направите. За него ви е поребен шаблонот од соседната страница, картон, ножички, малку лепило и трпение, и околу триесетина минути слободно време.


Автомобилска техника

Сигурно се сеќавате на легендарниот Daimler-Benz од серијата 170, кај нас најпознат како главен службен автомобил (заедно со по некој Citroën и Fiat), на агентите и на некои од "нашите" во партизанските филмови. Првите испитувања на полето на пасивната сигурност на автомобилите се врзуваат токму за него. Каква врска има тој со EuroNCAP? Многу блиска. Педесетина години подоцна, ѕвездата на партизанските (добро де, воените) филмови се претвора во пет, веќе престижни, ѕведички кои ги доделува оваа независна комисија.


Електроника

Со минимален број на евтини делови направете го овој едноставен индикатор кој ќе ви заштеди пари и нерви додека го употребувате телефонот или сурфате на Интернет.


Медицина

Желбата на човекот да биде посилен, побрз, моќен, може лесно да се оствари со помош на егзоске­летонот, техничка конструкција која се поставува на човековото тело за да ги зајакне неговите физиолошки перформанси. Овие направи можат да им помогнат на многу инвалидизирани лица, но исто така со егзоскелетонот може да се создадат и супер-војници, солидно подготвени за сите услови на идните војни.


Писма
Пофалби, предлози и прашања
Hcmos во мерачот на капацитивност
Лош звук во автомобилот