Рубрика: Медицина
Егзоскелетон
Автор: Борјан Павловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Желбата на човекот да биде посилен, побрз, моќен, може лесно да се оствари со помош на егзоске­летонот, техничка конструкција која се поставува на човековото тело за да ги зајакне неговите физиолошки перформанси. Овие направи можат да им помогнат на многу инвалидизирани лица, но исто така со егзоскелетонот може да се создадат и супер-војници, солидно подготвени за сите услови на идните војни.

Терминот егзоскелетон е позајмен од биологијата и тој, кај многу инсекти и животни, како што се на пример раковите, ја означува цврстата скелетна градба која се наоѓа на надворешноста на телото.

Егзоскелетон за употреба во индустријата наречен Hardyman

Терминот човечки егзоскелетон пак означува артифициелни системи кои можат да се постават на телото, а со цел да се зголемат силата, брзината и издржливоста на човекот. Егзоскелетонот може да биде пласиран на целото тело или пак на поединечни екстремитети, на рацете или на нозете, во зависност од потребата и намената. Иако првобитно замислен како помошно средство за движење на лица со парализа или делумна парализа, наскоро егзоскелетонот наоѓа примена и во други области. Во воената техника за зголемување на севкупната моќ и издржливост на војниците, како и во индустријата, особено за подигнување на тешки товари, работа со опасни материи и др.

Егзоскелетон Spring Walker за рекреативна намена

Постојано се работи на усовршување на постоечките модели на егзоскелетони, како и на дизајнирање на нови модели, сè со цел да се дојде до идеален изглед и перформанси на овие помагала. Од другата страна, егзоскелетонот претставува уште еден пример каде, првично медицински откритија се (зло)употребувааат во воената технологија. Во овој случај тоа е за создавање на супер-воини, кои ќе имаат извонредна борбена моќ, а воедно ќе бидат и солидно заштитени. Меѓутоа и развитокот на воените егзоскелетони може да најде практична применаво медицината.

 

Клучни зборови:
Егзоскелетон за употреба во индустријата наречен Hardyman

Егзоскелетон за употреба во индустријата наречен Hardyman

Егзоскелетон за употреба во индустријата наречен Hardyman

Егзоскелетон за употреба во индустријата наречен Hardyman

Егзоскелетон Spring Walker за рекреативна намена

Егзоскелетон Spring Walker за рекреативна намена

Егзоскелетон Spring Walker за рекреативна намена

Егзоскелетон Spring Walker за рекреативна намена

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.