Рубрика: Електроника
Нокиа интерфејс
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Една од работите кои секојдневно ги користиме е и мобилниот телефон, кој денес го поседува речиси секој од нас. Покрај тоа што мобилниот телефон главно претставува потреба, претставува и своевиден имиџ за младите. Секако дека и голем број од читателите на ЕМИТЕР се сопственици на мобилен телефон, и токму овие корисници се потенцијални истражувачи на напредните можности на телефонот кој го користат. За нив и е наменет пред сè овој напис, со кој е претставен хардверски интерфејс за интерконекција на мобилниот телефон со персонален компјутер. Со помош на овој интерфејс може да се пристапи до поголем број на "скриени" опции до кои не може да се пристапи на друг начин. Ова се остварува со "интелигентна" комуникација помеѓу телефонот и компјутерот. Сепак, да напоменам дека во овој број на ЕМИТЕР е претставен интерфејс наменет за комуникација на персонален компјутер и мобилните телефони произведени од Nokia. Можеби читатателите кои не поседуваат ваков телефон ќе бидат разочарани, но во следните броеви на Емитер ќе бидат претставени и интерфејси за конекција со персонален компјутер и на некои други популарни модели на мобилни телефони.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК817
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина