Рубрика: Електроника
OBD2 дијагностички интерфејс
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Покрај сите безбедносни и функционални стандарди што треба да ги исполнуваат поновите генерации на возила кои сообраќаат низ целиот свет треба да обезбедат и унифициран интерфејс за дијагностика и следење на состојбата на возилата. Овој систем иницијално е поставен за да се следи загадувањето што го генерира едно возило, но потоа е проширен и со дополнителни функции за вештачење на сообраќајни незгоди и слични ситуации каде што е потребно да се провери во која состојба било возилото во одреден момент. Во овој текст ќе дадеме краток преглед на стандардот за преземање информации за состојбата на компјутерските системи коишто се дел од возилото.

Овој интерфејс е најчесто директно спрегнат со главниот компјутерски систем што управува со работата на моторот на возилото. Системот што управува со инструментите и сигналните елементи поставени на контролната табла кај понапредните возила е компјутеризиран и има пристап до возните параметри на возилото, како и до информации за состојбата на системите од возилото коишто ги презема преку интелигентен интерфејс. Овие информации се прикажуваат на контролната табла од возилото за возачот да преземе потребни активности при појава на неисправност на системите од возилото, но и за возачот да има информација за возните параметри со кои се движи возилото (брзина на движење, број на вртежи на моторот, температура на различни делови од возилото и др.). Кај поедноставните возила има само еден компјутерски систем којшто управува со сите единици од возилото и во исто време ги прикажува возните параметри на контролната табла на возилото (системите ECU и Dashboard од претходната слика се една единица во овој случај). Земајќи предвид дека контролната табла се користи за приказ на помала група на параметри кои се потребни за секојдневна употреба на возилата, за подетална дијагностика на системите во возилата, има поставено напреден комуникациски интерфејс преку кој може да се воспостави комуникација со секоја од единиците поврзани на комуникациската магистрала, вклучувајќи го и управувачкиот компјутер или компјутери доколку има повеќе од еден. Во тек, на минатите децении, со воведување на вградливите компјутерски системи во возилата се менувале и интерфејсите за комуникација со нив, но во последно време речиси сите про-изводители на возила користат стандардизиран интерфејс за комуникација којшто е означен како OBD (кратенката доаѓа од зборовите On-Board Diagnostics, што во слободен превод значи: панел за дијагностика).

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина