Рубрика: Информатика
CeBIT 2003 – компјутерска Мека и Медина
Автор: Гунтер Кубе
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Хановер, типичен производ на германската машинска индустрија. Град-машина за саеми. Спремен на нозе да го дочека не само најголемиот саем за компјутери туку и воопшто, најголемиот саем на светот.

Град чиј ентериер најдобро им е познат на ликовите од научнофантастичната серија StarTrek – touch-screen терминали насекаде, таинствен глас сокриен позади совршено изведеното секторско озвучување на речиси секое малку попрометно место, U-bahn (метро) приклештено од возен ред со прецизност на која што може да му позавиди и цезиумски часовник, и хигиена доведена на степен на стерилност. Се разбира – и луѓето... па тие знаеа и десетина минути по (!) истекот на работното време да истрчаат од некој агол и да ве услужат. Сешто...

Како и да е, можеби по малку Орвеловска, но сепак Организација на единствен можен начин.

Но зошто сетоа ова?

За во 27 хали (некои од нив со својата големина во еден здив можат комплетно да го проголтаат целиот Скопски Саем) да се сместат 6500 излагачи, а нив да ги посетат над 670 000 посетители од повеќе од 100 земји.

За да се одбележи денот Негов, битот пресветол.

За да се покаже што е најново, најбрзо, нај-in, за да се види кој е најголем, најмоќен и најбогат, за да се склучи уште еден договор, да се купи поефтино, но да се продаде поскапо.

За да се поврзе од подалеку, а да се стигне побргу...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.