Рубрика: Информатика
Сега сите можеме да сме врвни гејмери, дури и на мобилен!
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 27.04.2020 - 16:00

Една од најсигурните мерки за исполнето слободно време секако е играњето игри, или гејмингот, во чијшто магичен свет на виртуелни ликови, предизвици, па дури и адреналин, можеме да се впуштиме самостојно или во друштво со најблиските и пријателите.

 

Без разлика дали сме страствени гејмери на кои животот моментално и не им е многу променет или дури сега го откриваме дигиталното опкружување, коешто го пружаат видеоигрите, на многумина од нас ни недостига “бесен“ компјутер или скапа конзола, поради што честопати забораваме дека може да “гејмаме“ и на – нашите мобилни телефони. На паметните телефони е можно да се играат многу оригинални наслови чиј што квалитет може да се спореди со оној на компјутерите, како и прилагодувања за мобилни телефони на популарни видеоигри на другите платформи.

Но, добро, гејмингот е супер, но што да се игра?

Секако, како и во светот на бирање филмови, дури и на вистинските гејмери понекогаш им е тешко да одберат добар наслов, особено на нова платформа, како што се мобилните телефони. За сите оние кои тукушто влегуваат во гејмингот, добрата вест е дека постојат многу игри со различни жанрови, за различни вкусови, кои нудат врвно искуство.

Ако сакате да го искусите чувството на преживување, а во исто време и добрата FPS борба, слична на PUBG, една од игрите која моментално е во тренд е дефинитивно Garena Free Fire. На секои десет минути, играчот ќе се најде на пуст остров, кадешто ќе се бори со други 49 играчи, а за тоа е потребно да се истражи мапата, да се камуфлира во околината, но и да ги развива своите вештини во битката против другите играчи.

За оние коишто претпочитаат крими и детективски приказни, тука е The House of Da Vinci 2, најпопуларната игра од овој вид на Android Play Store. Инспирирана од Кодот на Да Винчи, играчот пронаоѓа скриени објекти, истражува ормари и полици, и отклучува нови простории со приказни, за да напредува во играта.

Исто така, мобилните телефони се познати по тоа што нудат забавно искуство и адреналин по пат на игри со трки. Така и незаборавната игра Need for Speed може да се најде на вашата листа, кадешто во 2020 можете да ги проживеете сите убави моменти, што сте ги имале како деца додека сте се дружеле кај пријателите кога го “загревавте“ својот автомобил. Запалете ги моторите и сетете се на своето детство во кругот на најблиските, додека трките со пријателите можете да ги повторите преку online multiplayer!

За крај, како посебен наслов би го издвоиле и Old Man's Journey чијшто квалитет го потврдуваат и 15-те меѓународни награди од различни категории. Оваа оригинална игра ја следи приказната на осамениот старец, кој одлучил да ја промени својата дневна рутина и тргнал во авантури во кои склопува нови пријателства, разрешува мистерии, но и предизвици на патувањата. Играта ја препорачуваме на сите што сакаат да пробаат нешто ново, особено на оние на кои им е потребен вовед во светот на гејмингот и сите негови магии.

Каков мобилен телефон за гејминг ми треба?

Многу брендови препознаа дека нивните паметни телефони треба да интегрираат опции за гејминг. Така Samsung во својата Galaxy S20 серија, со играњето на дисплеј од 120Hz, има и вграден Game booster, како и Improved touch response за намалување  на напорното заостанување и доцнење во текот на допирањето на екранот. Тестирањето на овие уреди покажа дека многу игри можат да се играат на 120FPS, што секако ќе овозможи најоптимално уживање во гејмањето.

 

Што чекаш? Ако веќе долго време играш видеоигри, дај си одмор и пробај една нова платформа, а за вас кои што барате одговор за вишокот на слободно време – новиот вид на забава ви е достапен на дланка со помош на паметните телефони.

Клучни зборови: