Рубрика: Информатика
Хакери или кракери, бели или црни витези?
Автор: Александар Лазаров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Живееме во дигитален свет каде што точните термини може да направат голема разлика. Верувам дека повеќето од вас ги имате слушнато зборовите "хакер, кракер", но дали го знаете нивното точно значење и нивното потекло? Во оваа статија ќе се потрудиме да ги разјасниме овие поими за да не се случува нивно неточно користење...

Секојдневно, користејќи го интернетот или, пак, медиумите, се среќаваме со нови технички или нетехнички изрази што се поврзани со дигиталното време во кое живееме моментално. Некои од изразите, според контекстот во кој се наоѓаат, може да имаат значење до кое самите ние ќе дојдеме, но доколку контекстот во кој се употребуваат е тотално погрешен, тогаш станува забуна и доаѓа до лоша употреба на изразот и од наша страна. Овде би го посочил терминот хакер кој претставува термин што медиумите го ставаат во лош контекст на зборови, и според тоа го извртуваат неговото оригинално значење.
Сигурно некој од вас ќе си замисли и ќе помисли дека хакер е лош човек кој сака да му наштети на човештвото, но ова е тотално погрешно мислење, токму поради горенаведената причина - лошата употреба од страна на медиумите што ги слушаме/читаме постојано.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.