Рубрика: Астрономија и астронаутика
Потрага по живот на екстрасоларна "Земја"
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откако астрономите започнале да откриваат карпести екстрасоларни планета тип "супер-Земја", се зголемил нивниот интерес кон мисии за откривање живот на некоја од егзопланетите. Во таа насока тие разработуваат три различни проекти за идентификација на биомаркерите кои упатуваат на постоење на некаков вид животни форми на некоја од егзопланетите.

По подолг период на откривање егзопланети од типот "гасовити џинови", астрономите во 2005 год. конечно ја откриле првата "каменита" егзопланета, Gliese 876 d, само 7- 8 пати помасивна од нашата Земја, па истражувачите ја класифицирале во тип "супер-Земја". Во февруари 2009 год. тие откриле уште помала "каменита" егзопланета, Corot 7b, само 5 пати помасивна од Земјата. Но, и двете овие "каменити" планети немаат шанси да имаат живот, бидејќи орбитираат преблиску до нивните матични ѕвезди, меѓутоа благодарејќи на две мисии кои се во тек, француската Corot и американската Кеплер, 15-тина други кандидати за "егзо-Земја" чекаат анализа од стационарната земјина техника. Имено, планетите од тој тип се откриваат со телескопи од орбита, но потврда дека се работи за планета се бара од стационарните телескопи на Земјата, кои ја применуваат методата на пертурбации, па се способни да ја детерминираат масата на објектот, што покажува дали тој е планета, или е нешто друго. Процесот е долг, па треба да причекаме на резултатите. Но, ако веќе истражувачите откриле карпести егзопланети слични на Земјата во нашата близина, тие сметаат дека во целата наша галаксија треба да има многу такви планети, помеѓу кои и некои со орбита во т.н. "животна" зона. Така започна "хајката" по егзоживот (вонземски живот) надвор од Сончевиот систем!

Клучни зборови:

Спектралната анализа на светлината која се одбива од планетата го открива составот на нејзината атмосфера.

Шематски приказ на принципот со "надворешна" коронографија каде маската е поставена далеку пред телескопот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.