Емитер 10/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
После претставувањето на најевтините нови автомобили кај нас, презентирано во минатиот број, истражувањето на ЕМИТЕР, за тоа кои автомобили можат да се набават на нашиот пазар, продолжува. Овојпат донесуваме преглед на автомобили чија цена се движи во границите меѓу 8 000 и 9 000 евра. Подигнувањето на лимитот од минатиот пат за "само" 1 000 евра (сума која неретко е во игра кога се спроведуваат акциски продажби), донесува и реномирани автомобили кои имаат исклучително висок рејтинг не само кај нас туку и на европските пазари.
Во ова ценовно рангирање се појавуваат и неколку автомобили од минатиот пат. Тоа е така поради тоа што автомобилите имаат неколку нивоа на опрема и тоа е причината поради којашто модели од пониските класи со своите најопремени верзии навлегуваат во подрачјето на поголемите класи. Иако лимитот во споредба со минатиот пат е зголемен за само 1 000 евра, тоа е доволна причина во ова групирање да има ваков пример: најопремениот Матиз да чини речиси исто колку и базниот модел на Гец , или да биде поевтин за околу 300-500 евра од Твинго, Пунто, Клио или Рио. Затоа, заради подобра прегледност, а и заради тоа што техничките податоци на оние модели што се повторуваат беа дадени минатиот пат, овојпат ќе ги презентираме само новодојдените во рангирањето.
НОВИТЕ ШЕСТ КОНКУРЕНТИ
Конкуренцијата во ова рангирање доаѓа од четири земји: Италија, Франција, Јужна Кореја и Јапонија. Од Јужна Кореја доаѓаат дури тројца: Даеву Калос (Daewoo Kalos) со 4 врати, Хјундаи Гец (Hyundai Getz) и Киа Рио (Kia Rio). Јапонците се претставени со Даихацу Куоре (Daihatsu Cuore), додека боите на Европа ги бранат Фиат Пунто (Fiat Punto) и Рено Клио (Renault Clio). Не смее да се заборави и Рено Твинго (Renault Twingo), кој исто така влегува во оваа ценовна група и е во програмата на застапникот на Рено, само што во последно време повеќе се протежира моделот Клио кој за време на летната акциска продажба дури беше и поевтин.
Овојпат шареноликоста е малку ублажена, но сега се вклучуваат и неколку реномирани и мегапопуларни автомобили кои се стандардно меѓу најпосакуваните кај купувачите и тоа не само кај нас. Најмалку што може да се каже е дека конкуренцијата е мошне интересна. Тука е неодамна презентираниот Фиат Пунто, потоа првенците на Хјундаи и Даеву во класата на мали компактни автомобили (Гец и Калос), а тука е и веќе докажаниот играч во овој сегмент, Рено Клио. Овде се вбројуваат и Киа Рио и Даихацу Куоре, автомобили за кои не се многу оние кои знаат дека и тие можат да се набават кај нас.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.