Емитер 10/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во минатиот број од нашето списание беше објавен текст под наслов "Дигиталната ЛЕД технологија на OKI", во кој се опишува супериорноста на ЛЕД светлосниот извор во однос на ласерскиот светлосен извор. За нас ова беше доволна причина да ги замолиме вработените во Дуна Компјутери да ни отстапат еден ЛЕД печатач на повеќедневно тестирање, на што вработените во Дуна Компјутери без двоумење ни го дадоа печатачот OKI B4200.
Да се потсетиме од минатиот број, главната разлика од двата типа технологии е во светлосниот извор. Кај ласерските печатачи тоа е ласерската диода, а кај LED печатачите е дигитална LED низа. Поради тоа LED печатачите технички имаат повеќе предности, а како најважна би ја спомнале едноставноста на оптичкиот систем во споредба со оптичкиот систем кај ласерските печатачи кој е гломазен и многу комплексен, па со самото тоа тежок за контрола и многу скап.
Акцентот на нашиот тест беше ставен на квалитетот и брзината на отпечатокот, односно квалитетот на оптиката како и квалитетот на механиката на тестираниот печатач.
За таа цел се користевме со следните тестови: вињета; микрометарска решетка; преод од 0-100%; дензитометри од 10-100% со чекори од по 10%; Отпечативме ситен текст со големина од 1 до 3 точки како и една монохроматска слика. Брзината ја меревме со дигитална стоперица.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.