Рубрика: Автомобилска техника
Феноменот формула 1 (8. дел): Борилиштата на современите гладијатори
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тркачките патеки во основа се неправилни кругови испреплетени со многу свиоци кои често поминуваат низ убави пејзажи. Нивните пет-шест километри должина се местото каде што модерните гладијатори ја стекнуваат својата слава и се запишуваат во историјата на Формула 1. Некои од патеките имаат славно и богато минато исто како и најпознатите возачи во Формула 1.

Иако во основа патеките имаат некои заеднички својства секоја од нив си има свој карактер. Освен со својата релјефна конфигурација, бројот на свиоци, брзи делови и слично, секоја од нив се одликува со една значајна карактеристика која за тимовите е од посебно значење.

Монте Карло, Монца, Спа, Индијанаполис, Хокенхајм, Силверстоун се само некои од најпознатите патеки во светот кои се домаќини на трките во Формула 1. Во 1950 година, кога е возена и првата сезона во Формула 1, само шест трки се бодувале за пласман на возачите иако се возеле повеќе. Првата трка се возела на 13 мај 1950 година на патеката во Силверстоун и освен Индијанполис, сите други трки се возеле на европски патеки. Со текот на годините бројот на трки се менувал, се зголемувал и се намалувал, за во 60-тите и 70-тите години да се движи од 10 до 16 трки, со исклучок на 1977 година кога се возеле 17 трки. Подоцна, календарот се стабилизира главно на 16 трки годишно, за последниве години календарот да се прошири на 18.

Фаталниот судар на Аиртон Сена во 1994 година на пате­ката во Имола го предизвика бранот на редизајнирање на многу тркачки патеки. Целта беше една и единствена - зголемување на безбедноста на возачите и на гледачите крај патеката.

Долго време календарот на Формула 1 беше стандарден и со години ги опфаќаше речиси истите патеки со повремени рокади. Во последните неколку години календарот претрпе големи промени и дополнувања, условени, првенствено, од чисто деловни побуди и интереси.

Ширењето на Формула 1 значи и во­зе­ње по нови патеки кои претставуваат посебен проблем но и предизвик за тим­о­вите и возачите. Подготовките за нова­та патека започнуваат многу рано, уште додека патеката е во фаза на изградба. Врз основа на добиените мапи за изглед­от на патеката, со помош на најсофисти­ци­рани компјутерски програми се започ­нува со пресметките на податоците по­вр­зани со настапот на патеката.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.