Рубрика: Физика
Потрага по суперлеќи
Автор: Борче Милчески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Уметнички приказ на метаматеријали

Изградена од "метаматеријали" со бизарни, контроверзни оптички карактеристики, една суперлеќа би можела да произведе слики кои вклучуваат детали пофини од брановата должина на светлината што е користена! Пред речиси 40 години, рускиот научник Виктор Веселаго имал идеја за материјали кои би можеле комплетно да го сменат светот на оптиката. Комплетно нови леќи произведени од овој материјал би имале речиси магични атрибути кои би биле далеку подобри од постоечките. Клучниот момент: материјалот мора да има негативен индекс на рефракција, а сите познати материјали имаат позитивна вредност! По долги години барање, Веселаго не успеал да најде ништо што би ги имало електромагнетните карактеристики што тој ги барал, и така неговата идеја полека се заборавила. Но,...

Неодамна, зачудувачки напредок ја воскресна неговата идеја. Во повеќето материјали, електромагнетните карактеристики потекнуваат директно од карактеристиките на атомите и молекулите од кои тој материјал е изграден. Бидејќи овие градбени материјали имаат ограничен број на карактеристики, милионите материјали што денес ги знаеме имаат само ограничена палета на електромагнетни карактеристики. Но, во средината на 90-тите години, научници од “Маркони”, Англија (Marconi Materials Technology), увидоа  дека “материјал” не мора да биде парче од само една супстанција, туку дека може да ги добие своите електромагнетни карактеристики од повеќе различни, ситни структури, кои заедно создаваат ефекти кои инаку не би биле возможни.

Тимот од “Маркони” почна со правење на тие таканаречени метаматеријали и демонстрира неколку кои ги распрскуваа електромагнетните бранови како ниеден досега познат материјал. Светлината се однесува толку чудно во овие материјали со негативен индекс, што теоретичарите мораа од почеток да ги пишуваат своите книги за електромагнетика – процес кој вклучи многу жешки дебати доведувајќи го во прашање постоењето на таквите материјали. Во меѓувреме, непрекинато се работи на развивање на технологии, од сите полиња на науката, кои ќе ги користат овие чудни карактеристики на метаматеријалите. Останува многу да се направи за да се направат овие визии реалност, но сега кога сонот на Веселаго е исполнет, прогресот е рапидно брз.

Градбената структура на метаматеријалите

Клучни зборови:
Уметнички приказ на метаматеријали

Уметнички приказ на метаматеријали

Градбената структура на метаматеријалите

Градбената структура на метаматеријалите

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.