Рубрика: Информатика
Оверклокување и оптимизација на компјутерите за подобрување на перформансите
Автор: Кирил Ачкоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис ќе зборуваме за тоа како да ги откриете хардверските потенцијали со кои располага вашиот компјутер и како да ја исцедите и последната капка од перформанси која тој ја поседува. Ќе се запознаеме со можностите и ограничувањата на модерните процесори, чипсети, мемории и графички картички и ќе објасниме како наједноставно и безопасно да ги искористиме потенцијалите кои тие ги кријат. Од процесорите ќе се задржиме на Intel Core2 Duo/Quad и AMD K8 (Sempron, Athlon64, Athlon64 X2, Athlon64 FX и Opteron) s754, s939 и sAM2; од чипсетите за Core2 - Intel 945, 965 и 975, додека за K8 - nVidia nForce3/nForce4/nForce5 и ATi RD480/RD580. За овие процесори и чипсети се компатибилни DDR2 и DDR мемориите, па затоа ќе се осврнеме само на нив, а што се однесува до графичките картички, сé што ќе кажеме ќе се однесува на картичките од nVidia GeForce2 и Ati Radeon 7000, па наваму.

Бидејќи со ова е опфатена мошне обемна материја, содржината е поделена во неколку делови кои суксесивно ќе бидат објавувани во наредните броеви на ЕМИТЕР.

Перформансите на еден компјутерски систем зависат од многу фактори, но еден од клучните е работната фреквенција на процесорите и мемориите на одредени хардверски компоненти. Со зголемување на фреквенцијата линеарно растат и перформансите. При тоа, без оглед дали станува збор за ист модел од ист производител или не, максималната фреквенција на која секој од нив може стабилно и исправно да работи е различна. Затоа, производителите го делат  хардверот во неколку категории кои задоволуваат одредени минимуми и услови. Така, секоја категорија е предвидена за различни модели на произведуваните компоненти, кои можат да се разликуваат во перформансите, квалитетот, енергетската ефикасност и др. За секоја категорија, производителите одредуваат номинални работни фреквенции, но секогаш оставаат простор до максималните можни фреквенции на која било компонента од таа категорија.

Ладилник за AMD K8 sAM2, Scythe Ninja Plus rev.B AM2

Бидејќи сме ограничени со просторот, најмногу ќе зборуваме за стабилен и безопасен оверклок на модерните системи и хардверски компоненти. Ентузијастите најчесто оверклокуваат евтини системи со релативно послаб хардвер, при што постигнуваат ниво на перформанси од не-оверклокуван врвен систем (кој е многу поскап). Интересни компоненти за оверклокување се процесорите, графичките картички, чипсетите од матичните плочи и меморијата. Пред детално и поединечно да се осврнеме на конкретни модели од хардверот, интересен за оверклокување, ќе обрнеме внимание на основните и заеднички услови кои треба да бидат исполнети и принципи кои треба да ги почитуваме кога оверклокуваме.

Клучни зборови:
AMD K10 (Барселона), четиријадрен процесор со 463 милиони транзистори, површина од 2.93cm^2 и TDP од 89W до 130W

AMD K10 (Барселона), четиријадрен процесор со 463 милиони транзистори, површина од 2.93cm^2 и TDP од 89W до 130W

Ладилник за AMD K8 sAM2, Scythe Ninja Plus rev.B AM2

Ладилник за AMD K8 sAM2, Scythe Ninja Plus rev.B AM2

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.