Емитер 4-6/2017.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ви претставуваме десет популарни YouTube канали, чија главна тема е практичната електроника. Се работи за канали коишто со квалитетот на содржините, бројот на претплатници и гледаноста се издвојуваат од останатата понуда на YouTube. Проекти за почетници и за напредни електроничари; тестови, прикази и рецензии на мерни инструменти; расклопување и споредби на уреди; водичи, упатства, совети и лекции наменети за почетници, хобисти и за професионалци - тоа се накратко содржините кои ќе ги најдете таму, а се резултат на повеќегодишната работа на авторите, водени од желбата да ги пренесат своите знаења и да го поттикнат интересот за електрониката.
Каналите што одбрав да ви ги претставам се канали што делумно или постојано ги следам веќе подолго време и се наредени по абецеден ред. Секако дека тоа не се единствените што заслужуваат внимание, но повеќето од нив се водени од искусни инженери, кои покажале дека ги разбираат работите за коишто зборуваат и знаат како да ги пренесат знаењата.
Да потсетам дека за разлика од списанијата, учебниците или наменски подготвените едукативни емисии, каде што по првичната подготовка на содржината вообичаено следува и рецензија од други автори, при што се откриваат и се поправаат евентуалните пропусти и грешки, овде се работи за пристап што најчесто е "one man show". Тоа значи дека авторите сами ги одработуваат сите фази во подготовката и реализацијата на видеото (идеја, подготовка на содржината, изработка на уредите, снимање и техничка обработка на видеото итн.), а некои од нив зборуваат и директно, без однапред подготвен текст. Затоа, и покрај нивното образование или професионално искуство, може да се случи да наидете и на некој пропуст или неточна информација, на што, обично, се укажува во коментарите на гледачите или на самиот автор. Сепак, бидете внимателни и таму, бидејќи голем дел од коментарите и забелешките се од гледачи кои имаат површни и недоволни знаења.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.