Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: CD-плеери под 450 DM
Автор: Александар Илијевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денес, цените на CD-плеерите полека, но сигурно паѓаат, така што се далеку од цените на оние пионерски модели од почетокот на CD историјата. Денешните нискобуџетни плеери нудат сосема солиден квалитет и доволно ниска цена за да го свртат вниманието на милионите потенцијални купувачи кои се уште немаат CD-плеер. Од овие причини решивме да претставиме три нискобуџетни CD-плеери со цена под 450 DM, кои можат да се најдат во продажба кај нас. Тоа се: Technics SLPG 460A, Sony CDP312, Kenwood DP-3060.

Пред повеќе од десет години производителите на аудиоопрема се впуштија во масовно производство на CD-плеерите, уреди со кои дигиталниот звук стана достапен за секого. Но, дали баш на секого? Имаше еден проблем – цената. Главна преокупација на производителите беше развојот на технологијата и можностите на своите дигитални машини. Цената беше во втор план, па вистинската CD треска мораше да почека уште околу пет години, делумно и поради дискографската индустрија, базирана на производството на винилни плочи.

Technics SLPG-460

Technics SLPG-460

SONY CDP-312

SONY CDP-312

Kenwood dp-3060

Kenwood dp-3060

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.