Рубрика: Електроника
CM8870 – DTMF приемник
Автор: Петар Чурлинов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Можеби некогаш сте се запрашале кои се тие тонови што ги слушате при притискање на некое копче на вашиот (мобилен) телефон и што всушност претставуваат? Или често сте размислувале да управувате некој уред токму со помош на телефон, со притискање на копчињата? Доколку одговорот на овие прашања е "ДА", сигурно овој напис ќе го привлече вашето внимание!

Постојат повеќе начини за управување уреди со мобилен телефон, при што во најголем дел од случаите (и секако наједноставно) би било со користење на микроконтролер (свесни сме за неговата сè поголема примена). Еден од начините за таквата комуникација е со користење на познатите DTMF тонови, за кои ќе биде објаснето во понатамошниот текст. Сепак, микроконтролерот нема способност директно да ги прима и да ги препознава DTMF тоновите. За да се надмине овој проблем, во практиката се користи интегрираното коло CM8870, кое претставува приемник и декодер на DTMF тонови. Во овој напис ќе се доближам малку повеќе до ова интегрирано коло, неговиот принцип на работа и функција, за да можете во иднина без проблем да го искористите во вашите проекти.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.