Емитер 7-8/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мини-ветерницата, направена од степ-мотор, е прилично интересен проект. Иако изгледа како играчка, оваа мини-ветерница (мини ветерна централа) може да има практична примена во голем број ситуации. Особено доколку сте на кампување, риболов или сте во викендичка или некаде, каде што немате пристап до електрична мрежа. Во прашање е многу едноставна ветерница, која ќе ви овозможи да ги наполните батериите на Вашиот мобилен телефон или МП3 плеер или, пак, ќе ви обезбеди светло преку директно напојување на мали светилки.
Проектот "Мини-ветерница" го освои второто место на 32. Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта во Р. Македонија, кои се оддржаа на 10.5.2013 год. во СОУ "Киро Спанџов – Брко" во Кавадарци. Проектот го изработи ученикот Александар Стојанов од СЕТУГС "Михајло Пупин" – Скопје, под менторство на авторот на овој напис, проф. дипл. ел. инг. Наташа Божиновска.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.