Рубрика: Информатика
QR code
Автор: Александар Илиоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во текстот што следува, обработени се новите дводимензионални баркодови, кои уште се нарекуваат QR кодови. Имаат можности за кодирање на голем број податоци и широка примена. Тие стануваат сè повеќе популарни благодарение на можноста да бидат прочитани од новите паметни телефони.

Во 60-тите години од минатиот век, кога Јапонија го доживеала својот висок економски раст, значително се зголемила продажбата на секаков вид производи во маркетите. Бројот на прехранбени производи, облека, бела техника, растел од ден на ден. Цените на овие производи морало да бидат внесувани рачно, една по една, во касите што се употребувале тогаш. Ваквиот рачен внес на цените во касите придонел многу касиери да страдаат од вкочанетост на зглобовите, па дури и од синдромот наречен Carpal Tunnel. Касиерите имале голема потреба да се изнајде решение за постоечкиот проблем. Решението за проблемот дошол со пронаоѓањето на бар-кодот.
Иако со пронаоѓањето на бар-кодот бил решен тогашниот проблем со кодирање на низа податоци, сепак, со развојот на технологијата се јавила потреба од кодирање на поголем број податоци. Бар-кодот со својата способност за кодирање до 20-ина карактери, не бил доволен. Така, во 1994 година, со решение излегла фирмата Denso Wave, подружница на Toyota. Таа го развила т.н. QR Code (Quick Response Code) за своите потреби, односно за следење на машинските делови во текот на нивното производство. QR, или Quick Response, значи способност за брзо читање/декодирање, што било ставено во фокусот и покрај можноста на QR кодот за кодирање на многу поголем број податоци од својот претходник, баркодот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.