Рубрика: Информатика
Како “Малите технологии” ги спасија луѓето во време на корона
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 24.04.2020 - 16:45

Некои веќе вообичаени технологии одиграа важна улога во текот на епидемијата со корона вирус. На пример, кју-ар кодовите, апликациите за достава на храна и софтверите коишто овозможуваат далечински пристап.

Милениумците сметаат дека вообичаените технологии, како што се паметните брави на вратите, автоматските средства за чистење раце и кју-ар кодовите, одиграле практична улога за време на епидемијата. Една жителка од Шангај на оваа тема ќe каже: “Технологија којашто сметам да е корисна, се паметните брави на вратите.” Имено, жената имала мачка во домот, но поради епидемијата не била во можност да се можела да се врати во него. За среќа, жената имала вградено паметна брава на влезната врата, па кога успеала да контактира со соседот, му го дала кодот за влез и тој можел да ја преземе грижата за мачката во нејзино одтиство. Слично технолошко “откровение” доживеал и извесен господин од Пекинг кој рекол дека автоматските санитарни уреди станале мошне корисни во текот на оваа епидемија. Ова се должи на тоа што овој мини-технолошки додаток го елиминира контактот со површините во текот на миењето раце.

Коронавирусот сериозно влијаеше врз сите сфери на животот. Меѓутоа, онлајн образованието, далечинскиот пристап до работното место од дома и доставата на храна, доживеаја брз развој во зенитот на епидемијата. Ван Чжион, од Кинеската академија на општествени науки, истакнал дека овие технологии преставуваат нова генерација на технолошки напредок фокусиран на Интернетот. Во текот на епидемијата, технологиите создадени да го олеснат животот го намалија контактот меѓу луѓето и ризикот од пренесување на вирусот. Овие технологии помогнаа бидејќи се ориентирани кон потребите на корисникот и кон иднината. На пример, плаќање со помош на кју-ар кодови преку апликации ви овозможува да го избегнете контактот со луѓето при давање пари; давањето медицинска нега преку интернет го исклучува одењето во болница. Дијагностиката на далечина, исто така, може да реши неколку практични проблеми –  преку видеоконференциска врска луѓето може да се оддржуваат состаноци, исто така училиштата може да одржуваат онлајн настава, итн...

Корисниците на сајтот Sina Veibo, кинеската социјална мрежа слична на Фејсбук и на Твитер, ја пофалиле работата на дроновите, со чија помош полицијата го предупредувала населението и ги растерувала луѓето кои ги нарушиле правилата на карантинот. Оваа метода станала ефикасна и безбедна. А во провинцијата Хубеј почнале да им овозможат на вработените да работат од дома, користејќи специјални медицински кодови. Тоа помогнало брзо да се обнови производството и вработените да се вратат на работа. Притоа луѓето ги користат своите мобилни телефони за да поднесат барање за добивање на “медицински код“ кој служи како електронска дозвола за движење.

Клучни зборови: