Емитер 10/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
По лошиот старт и проблемите со добивањето CE-маркичка, моментно наевтиниот компјутер – Raspberry Pi, на истоимената добротворна организација, не престанува да нижи успеси. За ова негово турбулентно минато, Емитер пишуваше во мартовскиот и априлскиот број од оваа година. Деновиве до редакцијата пристигна уште една неверојатна вест врзана со овој компјутер не поголем од платежна картичка – амбициозна група инженери по информатика од Универзитетот на Саутхемптон (Southampton – Велика Британија) конструирале суперкомпјутер составен од Raspberry Pi и лего-коцки.
Raspberry Pi не е само едно парче хардвер повеќе на презаситениот ИТ-пазар. Тоа воедно е една широка организирана мрежа на следбеници кои несебично ги споделуваат искуствата и изработениот апликативен софтвер наменет за овој компјутер. Во тој правец се и напорите на една амбициозна група инженери од Универзитетот на Саутхемптон, предводени од професор Симон Кокс (Simon Cox) во која е и неговиот 6-годишен син Џејмс (James), кој обезбеди стручна поддршка околу конструкцијата од лего-коцки.
За овој проект се употребени 64 Raspberry Pi, па професорот Кокс објаснува: "Веднаш кога успеавме да собереме доволен број Rasperry Pi комјутери, сакавме да се увериме дали е возможно нив да ги поврземе во еден суперкомјутер. Ги изградивме и ги инсталиравме сите потребни хардверски и софтверски компоненти почнувајќи од стандардниот Debian Wheezy и издадовме прирачник со помош на кој можете и вие да изработите свој суперкомјутер".
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.