Емитер 2/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Нашата идеја за раниот универзум можеби е полна со мистериозни кругови - па дури и триаголници - но тоа не значи дека гледаме докази за настаните кои се случиле пред Биг Бенгот. Така вели триптихот од неодамна објавени научни трудови, чија теза е дека концентричните прстени од еднолична температура во космичкото заднинско зрачење (радијацискиот остаток од Биг Бенгот) можеби претставуваат, всушност, маркери за судирите на црните дупки во претходниот космички еон, кој постоел пред создавањето на нашата вселена.
Оваа провокативна идеја првично била предложена од страна на Вае Гурзадјан (Vahe Gurzadyan) од Ереванскиот институт за физика во Ерменија и познатиот теоретски физичар Роџер Пенроуз (Roger Penrose) од Универзитетот Оксфорд, Велика Британија. Во еден скорешен труд објавен на серверот arXiv preprint, Гурзадјан и Пенроуз тврдат дека судирите меѓу супермасивните црни дупки во периодот пред Биг Бенгот најверојатно генерирале сферични гравитациски бранови кои, според нив, би требало да се покажат како карактеристични кругови во космичкото заднинско зрачење.
Со цел да го провери ова тврдење, Гурзадјан ги испита податоците собрани во период од седум години од страна на микробрановата анизотропска сонда Вилкинсон (WMAP) на НАСА, пресметувајќи ја промената на температурните варијанти во постепено поголеми прстени околу повеќе од 10 000 точки во заднинското зрачење на небото. И навистина, од податоците собрани од WMAP тој идентификуваше голем број прстени во, кои покажуваа температурни варијации кои биле значително помали од оние на околното небо.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.