Рубрика: Омнибус
Можни откритија во науката во 2011 година
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откривање на таканаречената Божја честичка, потврдување на постоење на друга планета на која има живот, поголемо разбирање на работата на човечкиот мозок, проучување на комуникациите меѓу животните, консумирање на генетски модифициран лосос, како и евентуално дефинирање на четврта димензија на животот се можни научни откритија во 2011 година. Текстов нуди информации за неколку побитни можни откритија според списанието LiveScience, откритија кои побудуваат дури и страхопочит.

Според многу истражувања и сознанија 2010 година беше година со голем број важни откритија. Според некои, ѕвездена научна година! Се очекува овој тренд да продолжи со ист интензитет и во 2011 година. Убаво и интересно, но научниците ги збунува еден многу чуден факт: како што минуваат вековите мозокот на човекот е сè помал, а човекот е сè поумен!? Но, да се вратиме на нештата што се очекува да ги донесе 2011 година од научен аспект. Во оваа година влегуваме со големи очекувања за пронајдоци и достигнувања: наоѓање на "Божјата" честичка, проучување на функциите на мозокот (за што има распишано X Prize награда од 10 милиони долари), сателит за бесплатен пристап на интернет, декларирање на четвртата димензија на животот, откривање земјолики планети надвор од Сончевиот систем, сознанија како гените влијаат врз нас, јадење генетски модифициран лосос и откривање и проучување на комуникациите меѓу другите суштества на Земјата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.