Рубрика: На граница на науката
Мистерии на науката: Енергиите на вселената
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Вселената – последната граница, таму каде што науката храбро оди да испитува. Ние сме дел од таа вселена, создадени и опкружени од истите енергии и материи како и ѕвездите. Кои се тие енергии, како се поврзани меѓусебно и како дејствуваат на материјата? Науката веќе одговорила делумно на овие прашања, но има уште многу за откривање. Едно од сè уште неодговорените прашања е создавањето на вселената. Науката точно знае што се случувало во делче од секундата по Големата експлозија, но што се случувало во самиот момент на експлозијата или уште поинтересното прашање – што се случувало пред тоа? За да се одговори на овие прашања треба добро да се познаваат сите постоечки енергии и сите постоечки материјални честички, заедно со сите нивни интеракции.

ЗА ФЕЉТОНОТ
Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "дежурниот" скептик Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.