Рубрика: Автомобилска техника
Современ автоматски варијабилен менувач
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Трите досега разгледани концепти на современи автоматски менувачи остваруваат степенеста или скоковита промена на преносниот однос што, на некој начин, е хендикеп од аспект на следење на идеалната влечна карактеристика. Овој недостаток се ублажува со воведување на поголем број на степени на пренос на менувачот и со спрегнување на мотор со што е можно поголема еластичност. Ако, пак, сакаме да го елиминираме овој недостаток, тогаш моторот (не мора да го краси голема еластичност!) го спрегнуваме со менувач со континуирана промена на преносниот однос, кој во стручната литература е познат како варијатор. За современиот автоматски варијабилен менувач ќе стане збор во текстот што следува.

Теоретски најповолно е преносникот да ја следи идеалната влечна карактеристика, која има облик на хипербола, што практично значи дека моторот во целиот опсег на брзина на автомобилот се користи во режим на максималниот расположив момент. Ова (пак теоретски) значи дека автомобилот, во секој момент би имал максимално можно забрзување, што е идеално за тркачките автомобили. Исто така, (пак теоретски), ова повлекува и намалена потрошувачка на гориво, затоа што истите возни параметри би ги добиле со помалку притиснат педал за "гас" (мислам за случај на нормално возење). Сето ова би било стандард и наше секојдневие доколку единствените менувачи кои тоа можат да го овозможат (варијаторите) се зрели комерцијални производи, етаблирани и докажани на пазарот. За жал, денеска тоа не е случај, но состојбата е далеку напредната од појавата на првите варијатори како менувачи во автомобилите пред педесеттина години (DAF 33, DAF 44, DAF 55 и некои модели на Volvo). Во моментов, за нив е најсоодветен слоганот "Најпријатен, но ги намалува перформансите".

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.