Емитер 11/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога не сме или немаме можност да сме приклучени на централно градско греење, греењето на цврсти горива е една од најевтините опции. Но, не треба да се заобиколи и фактот дека истовремено е и една од опциите кои бараат и најголем дополнителен ангажман, т.е. опслужување. Овој тип на горива како да е измислен за индивидуално решение на проблемот со греењето – или преку домашно централно греење или со поединечно загревање на собите со шпорет, трајножаречка печка или камин. Ќе ги разгледаме специфичностите, предностите и недостатоците на греењето со цврсти горива кои се користат во Македонија и грејните тела што го користат ова гориво. Ќе дадам и неколку практични совети поврзани со користењето на овој секогаш актуелен, евтин и еколошки прифатлив енергенс – изземајќи го јагленот.
Поради својата ниска цена, греењето со цврсти горива секогаш е евергрин тема. И, воопшто, секогаш проблематиката на греењето е евергрин тема. Но, пред да се нафатиме за неговото практично реализирање во нашиот дом, или сме со помали амбиции и имаме само намера да се запознаеме со феноменот на загревањето на нашите простории, мораме да имаме предвид кон што тежнееме, т.е. каква е распределбата на топлината по висина во просторијата и која е најповолна распределба на истата, при што најпријатно се чувствуваме во просторијата што се грее. Исто така, интересен е одговорот на прашањето кои грејни тела како ја распоредуваат топлината во просторијата по висина. Потоа ќе разгледаме некои основни својства и карактеристики на цврстите горива кои е потребно секогаш да се имаат предвид и да се знаат за да може да се направи добар избор, за своите потреби и услови, на енергенсот за греење. Најнапред, за кои цврсти горива ќе стане збор во овој серијал? Тоа се: огревното дрво, јагленот, дрвените брикети и дрвените пелети. Ова се и најкористените цврсти горива во нашата држава. Последните страници од овој напис ќе бидат посветени на грејните тела на цврсти горива (шпорети, трајножаречки печки, камини), како и на котлите за цврсти горива и нивните грејни тела - радијатори и топловодно подно греење.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.