Рубрика: Информатика
IPv6, добредојдовте во иднината на интернетот
Автор: Александар Лазаров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од почетокот на интернетот, ние го користиме интернет протоколот верзија 4 и неговите интернет адреси. Но, во последно време поради огромниот развој на интернетот, интернет адресите од верзијата 4 забрзано се намалуваат и нивното исцрпување е само прашање на време. За спас на интернетот ни излегува новиот интернет протокол верзија 6, кој сигурно ќе ги задоволи нашите потреби...

Интернет адресата верзија 4 или скратено IPv4 беше дизајниран за да може со него да се доделат вкупно 4 294 967 296 адреси, поради тоа што адресите во бинарна форма се претставуваат со 32 бита. Со големиот развој на интернетот на глобална мерка, почна да се јавува недостиг на адреси. Според истражување од страна на Циско, сегашните залихи на IPv4 адреси ќе бидат потрошени во средината на 2011 г.
Поради овој проблем, изработен е интернет протокол верзија 6 или скратено IPv6. IPv6 во споредба на IPv4 има 128 битни адреси што вкупно дава резултат од 340 282 366 920 938 463 463 374 607 431 768 211 456 уникатни адреси.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.